Ангела Николовска и Драган Марковски, професори по стручни сообраќајни предмети во битолското средно училиште „Таки Даскало“, им ги претставија на учениците сообраќајните правила и прописи. Децата учествуваа и во квиз, а со професорите разговараа за своето учество во сообраќајот.
Целта на часот беше децата од мали нозе да развиваат сообраќајна култура и да разберат како со одговорно однесување можат да спречат опасност и да се грижат за безбедноста на другите. Од „Коле Канински“ велат дека учениците покажале голем интерес за темата и биле креативни при изработката на едукативно-промотивниот материјал.
Ментори на учениците беа предметниот наставник Дени Лековски, одделенската наставничка Ирена Мацеска и образовната асистентка Рената Стојаноски.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.