Министерството за транспорт и кабинетот на премиерот ги подготвуваат мерките за купување стан и за изградба на куќа. Мицкоски рече дека Владата најверојатно ќе ги предложи во два посебни закона и дека очекува законот за купување стан наскоро да се најде пред пратениците.
За паровите да можат да пресметаат колку би ги чинел станот, Мицкоски најави дека ќе може јавно да се објават податоци за катастарските општини во кои се продавале новоизградени станови. Катастар веќе ја завршил анализата за третиот квартал. Премиерот утрово побарал од директорот на Катастар преглед за првите три квартали од годинава и очекува да го добие денеска.
За брачните парови до 35 години што би граделе куќа, втората мерка предвидува општините да не наплаќаат комуналии за изградбата. Мицкоски очекува двете мерки да им олеснат на младите брачни парови да дојдат до свој дом. Тој рече дека градоначалници веќе му се јавиле со идеја да урбанизираат неколку хектари земјиште, да го поделат на парцели и да им го понудат на овие парови по едно евро.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.