Од Фондот таа побара одговор кој би им го исплатил обесштетувањето на штедачите и од кои средства. Праша и дали врз исплатата би влијаела евентуална разлика меѓу средствата што банката ги прикажала во билансот и оние со кои навистина располага.
Конкретно, Костадиновска Стојчевска праша дали е проверено дека банката и денес располага со 80 милиони евра во готовина и парични еквиваленти. Таа нагласи дека билансот ја покажува состојбата на 30 септември, пред да ѝ биде одземена дозволата на матичната банка во Србија.
На тој датум банката прикажала 8,91 милијарди денари депозити на клиенти, а ликвидната актива изнесувала 43,91 отсто од вкупната актива. Според финансиското образложение објавено на Берзата на 30 октомври, на кое се повика пратеничката, банката во првите девет месеци од годинава пријавила загуба од 48,64 милиони денари. Во истиот период лани имала добивка од 49,15 милиони денари.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.