Услугата веќе се реализира на територијата на општината. Целта е на корисниците да им се обезбедат соодветна грижа и поддршка во домашни услови, поголема самостојност и подобар квалитет на живот.
Заинтересираните граѓани кои имаат потреба од помош и нега во домот можат да се јават на 079 340 473. На овој број ќе добијат дополнителни информации за начинот на користење на услугата.
По повод Неделата посветена на старите лица, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети „Моето гнездо“ и се запозна со досегашните активности на здружението.
Георгиевски ја посочи грижата за повозрасните граѓани и лицата со попреченост како еден од најголемите приоритети на локалната самоуправа. Тој оцени дека услугата обезбедува конкретна поддршка таму каде што е најпотребна и најави дека Општината ќе продолжи да вложува во развојот на социјалните услуги.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.