Интензивниот курс ќе го спроведе Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје. Учесниците ќе бидат распоредени во групи според почетното ниво на знаење, а почетокот на програмата е предвиден за 1 ноември 2026 година.
Наставата ќе биде интерактивна и практично насочена, со фокус на комуникацијата и употребата на англискиот во секојдневниот, образовниот и професионалниот живот. Програмата предвидува можности за подобрување на знаењето и комуникациските вештини, збогатување на вокабуларот, подобрување на граматичката точност и говорната и писмената комуникација, како и поголема самодоверба при користење на јазикот.
По успешно завршување, учесниците ќе имаат можност да добијат сертификат за постигнато ниво Б2 согласно со CEFR. При селекцијата приоритет ќе имаат лицата од социјално и економски ранливи категории, како и младите со ограничен пристап до дополнително образование поради материјални, социјални или други околности.
Пријавите се испраќаат на uciangliski@gmail.com, со наслов „Пријава – Бесплатна обука по англиски јазик“. Во е-пораката треба да се наведат име и презиме, возраст, телефон за контакт и место на живеење. Локацијата на обуката и другите детали ќе бидат објавени дополнително, а јавниот повик е достапен на aerodrom.gov.mk.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.