Канализационата мрежа во Радичево е долга 8.759 метри. Буџетот според договорот со компанијата изведувач изнесува 52.929.787 денари, обезбедени преку Владата од унгарскиот кредит.
Андонов го опиша зафатот како најголемиот проект што го реализирал во досегашната кариера. Тој му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски, за кого рече дека го одржал зборот и обезбедил голем дел од финансиските средства за изградбата.
Градоначалникот оцени дека општината денес е лидер во регионот по канализациони системи, за разлика од 2021 година, кога, според него, била општина со најмалку такви системи во населените места.
Андонов најави дека во наредниот период општината ќе инвестира во фекална канализација и во Владевци, Градошорци и Седларци.
ВМРО-ДПМНЕ Василево го оцени проектот во Радичево како исполнување на ветувањето на Андонов. Партискиот огранок порача дека целото населено место добило фекална канализација и дека во Радичево се гради кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.