Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Завршена конзервацијата на 20 икони илегално изнесени во Албанија и вратени во Македонија

Гледај на YouTube

Националниот конзерваторски центар – Скопје ја заврши конзервацијата и реставрацијата на 20 икони илегално изнесени во Албанија, а потоа вратени во Македонија.

Иконите потекнуваат од цркви во Радожда и Селци, во регионот на Струга, од Ѓавато во регионот на Битола и од Долно Перово во општина Ресен.

Процесот траел две години и ги опфатил конзерваторските истражувања, изработката на проект и непосредната заштита на иконите. Проектот бил завршен во ноември 2024 година, а неговата реализација започнала во лабораторијата на Центарот.

Конзерваторско-реставраторските работи се реализирале под раководство на Невенка Величковска, сликар – конзерватор советник, заедно со стручниот тим. Историчар на уметноста во проектот бил Дарко Николовски.

Паралелно со завршувањето на работите започнале интензивни активности за враќање на преостанатите икони што сѐ уште се наоѓаат во Албанија. Во нив се вклучени стручни лица од Националниот конзерваторски центар, како и претставници на Министерството за култура и туризам и Управата за заштита на културното наследство.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.