Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Гетеборг се одржа 36-тото издание на „Денови на македонската поезија во Шведска“

Фотографија објавена на јавниот профил на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија
Фотографија објавена на јавниот профил на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија
  • Билјана С. Црвенковска беше специјална гостинка на годинашното издание.
  • Ученици со македонско потекло учествуваа со музички и рецитаторски изведби.

Во Градската библиотека во Гетеборг се одржа 36-тото издание на „Денови на македонската поезија во Шведска“. Манифестацијата ја организираше Македонското поетско друштво „Дениција“ од Гетеборг, под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска.

Специјална гостинка беше поетесата и писателка Билјана С. Црвенковска од Македонија. Настапија дваесетина поети од македонско потекло кои живеат и творат во Шведска, како и автори од други националности, меѓу нив и членови на Писателскиот центар во западна Шведска.

Манифестацијата е посветена на македонското литературно творештво и на негувањето на македонскиот јазик и културниот идентитет меѓу Македонците во Шведска. Во програмата учествуваа и ученици со македонско потекло, кои со музички и рецитаторски изведби претставија дела на познати македонски автори.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, одржа поздравен говор и му додели признание на Македонскиот сојуз во Шведска за зачувување на македонскиот јазик и култура преку литературното творештво. Признанието го прими претседателот на Сојузот, Јован Божиновски.

Во рамките на програмата се одржа и годишното собрание на поетското друштво „Дениција“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.