Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Битола отворена изложба со публикации и фотографии за градот

Архивска фотографија · Извор: facebook.com
Архивска фотографија · Извор: facebook.com
  • Во холот на НУУБ „Св.
  • Изложбата беше организирана по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.
  • Изложбата ја организираат библиотеката и Македонското научно друштво – Битола, втора година по ред.

Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола беше отворена изложбата „Битолска меморија vol.II“, со монографски и периодични изданија посветени на градот и фотографии од неговите стари градби.

Изложбата беше организирана по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. Таа се осврнува на историското и културното наследство, урбаниот развој, значајните објекти и настаните што оставиле трага во историјата на градот.

Публикациите се од фондот на библиотеката, а историските фотографии од збирката на историчарот Стефан Караџовски. Изложбата ја организираат библиотеката и Македонското научно друштво – Битола, втора година по ред.

На настанот настапи хорот „Божилак“, кој изведе три македонски народни песни.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.