На средбата се вклучија студенти од универзитети во Либан, Турција, Гамбија, Алжир, Украина и Кенија, како и студенти од „UACS“ од Школата за странски јазици и програмите по политички науки и психологија.
Учесниците разговараа за тоа како храната ги одразува културниот идентитет, семејните традиции и личните спомени. Разгледаа и како миграцијата, трговијата, историските контакти и глобализацијата ги пренесувале состојките, рецептите и кулинарските практики меѓу општествата.
Настанот беше организиран во рамките на иницијативата „WorldWise“ на „Global Partners in Education“. Организаторка беше Тијана Куковска, студентка во трета година на Школата за странски јазици и студентска лидерка на огранокот „WorldWise“ при „UACS“, под академски надзор на деканката Ивана Трајаноска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.