Сликовницата е дело на авторката Десанка Николова и илустраторката Сара Каурин, а за неа пред децата зборуваше библиотекарката Соња Манева. Приказната ја драматизираа учениците од 5-5 одделение од ООУ „Ванчо Прке“ од Штип, под менторство на наставничката Милена Авукатова.
Книжевната програма беше надополнета со неколку музички точки што ги изведоа ученици од ДСМУ „Сергеј Михајлов“ од Штип, под менторство на професорот Марио Иванов. Според домаќините, нивниот настап оставил посебен впечаток. Потоа првачињата се запознаа со народните инструменти кавал, тамбура и тапан.
Библиотеката ја организираше завршната активност во соработка со НУ-УБ „Гоце Делчев“ од Штип и Заедницата на Хрватите „Либертас“. Училиштето ѝ се заблагодари на претседателката на Заедницата, Долорес Кашуба Петров, за реализацијата на активноста и изрази надеж дека соработката со овие институции ќе продолжи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.