Во разговорот новинарот Илија В’лков рече дека саркофагот со останките од Грција бил положен во црквата „Света Софија“ во Софија. Атанасовски рече дека за четирите гроба нема натписи или докази што покажуваат чии се.
Атанасовски ја изнесе и можноста моштите на Самоил да биле однесени во Бугарија во 1943–1944 година. Според неговото тврдење, бугарски војници тогаш ги однеле во Софија останките пронајдени околу црквите во селото Герман, па можно е меѓу нив да биле и моштите на Самоил.
Атанасовски оцени дека пренесувањето на останките во друга држава го повредува Преспанскиот договор, бидејќи, според него, договорот не предвидува предавање археолошки остатоци и културно наследство на друга држава. Тој рече дека македонските власти би можеле да го искористат тоа за раскинување на договорот ако се свесни за повредата.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.