Програмата во петок, 9 октомври, ќе почне со децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“, по што е најавено сечење голема пита. За музичкиот дел се предвидени Тони Андреев, Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот, како и Влатко Лозаноски – Лозано.
Во сабота, 10 октомври, во 12 часот најмладите ќе се забавуваат со детскиот фестивал „Јаболчиња“. Вечерта се најавени настапи на Марија Спасовска, Ана Петановска, Александар Тарабунов и Наташа Беквалац. Од 11 часот, на потегот од кружниот тек Авона до Бос, ќе биде поставена изложба на историски автомобили, во организација на здружението „Kings of the streets“.
Изборот за најдобра велешка пита е најавен за недела, 11 октомври, во 12 часот пред главната бина. Во соработка со „Гастро мак“, питата за првпат оваа година ќе ја оценува жири од 15 шефови. Меѓу наведените се Стево Карапанџа, Уве Мишел и Драгица Лукин. Во неделната музичка програма се Благица Павловска, Антонија Гиговска, Давид Темелков и Црвена јабука.
Есенскиот базар ќе биде отворен од 9 до 11 октомври на улицата Благој Ѓорев, кај влезот на гимназијата. Ракотворците ќе можат да ги изложат своите изработки.
Рекреативната велосипедска тура „Велес mtb tour 2026“, организирана од „Велес бајкинг“, ќе почне во недела во 10 часот од винаријата Шато Сопот Македонија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.