Стручниот тим на Националниот конзерваторски центар во Скопје во 2023 година непосредно заштитил два од крстовите, кои по завршувањето на работите биле вратени во манастирот. Активностите на преостанатите два продолжиле во наредниот период, а нивното враќање во јули 2026 година го заокружило процесот за сите четири.
Трудот го подготвиле д-р Јехона Спахиу Јанчевска и м-р Невенка Величковска. Јанчевска е историчарка на уметноста, советник конзерватор за уметничко наследство од византискиот и поствизантискиот период и раководителка на Секторот за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство. Величковска е сликарка и советник конзерватор за конзервација на икони во Националниот конзерваторски центар во Скопје.
Трудот е објавен во зборникот „Monumentet 64/2025. Materialet e Konferencës Ndërkombëtare Shkencore I“, издаден во Тирана во 2026 година, на страниците 182–194. Зборникот содржи истражувања и резултати од конференцијата „60 years of study & conservation ARCHAEOLOGY – ARCHITECTURE – ART“, одржана на 21 и 22 октомври 2025 година во Тирана, во организација на Националниот институт за културно наследство во Тирана.
Според објавата на Центарот, стилската и хронолошката поврзаност на крстовите со други дела од манастирската ризница овозможува тие да се разгледуваат во поширокиот контекст на уметничкото и културното наследство. Центарот наведува дека трудот придонесува и за размена на стручни знаења и меѓународна видливост на македонското културно наследство.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.