Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Македонска песна и етно-ракотворби за 35-годишниот јубилеј во Риека

Фотографија од настанот · Тодор Петров
Фотографија од настанот · Тодор Петров
  • Шест македонски културни друштва заедно го одбележаа јубилејот во Риека.
  • Беа изложени „Македонски глас“ и ракотворби од македонските етно-работилници.

Шест македонски културни друштва од Хрватска вчера во Риека заедно одбележаа 35 години од Денот на Македонската заедница во Хрватска, со свечена академија исполнета со македонска народна музика и песни.

Покрај музичката програма, друштвата се претставија со изложба на гласилото „Македонски глас“ и ракотворби изработени во македонските етно-работилници.

Во прославата се вклучија македонските културни друштва „Илинден“ од Риека, „Свети Кирил и Методиј“ од Пула, „Билјана“ од Задар, „Браќа Миладиновци“ од Осиек, „Охридски бисер“ од Загреб и „Македонија“ од Сплит.

Присутните на академијата ги поздрави Јосип Остроговиќ, претставник на Хрватската влада и на претседателот на Хрватското собрание. Тој оцени дека со зачувувањето на својата култура и обичаи, Македонската заедница го збогатува хрватското општество и го зацврстува пријателството меѓу хрватскиот и македонскиот народ.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.