Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Кумановски пејачи ги испеаја рефрените од Тумба фест во Занаетчискиот дом

Извор на фотографијата: Општина Куманово
Извор на фотографијата: Општина Куманово

Песни од почетоците на Тумба фест до неговото последно издание прозвучеа вчеравечер во Занаетчискиот дом во Куманово. Кумановски пејачи ги изведоа фестивалските рефрени на боемска вечер, дел од 11. издание на манифестацијата „Денови на балканска етно ризница“.

Пред публиката настапија Нино Величковски, Татјана Јовановска, Боби Амадеус, Виктор Димитриевски, Катерина Николовска Мицанова и Сашо Трајковски. На програмата беа најпопуларните рефрени од овој фестивал на народната песна.

Боемската вечер беше насловена Таму кај што пее душата. Покрај музичките изведби, во програмата настапи и драмскиот уметник Горан Илиќ.

Настанот го организираше Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ од Куманово, со поддршка на Општина Куманово.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.