Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Културното наследство тема на работилница на Форумот на словенските култури во Охрид

Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за култура и туризам
Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за култура и туризам

Во Охрид се одржа работилница посветена на културното наследство, како дел од активностите на Форумот на словенските култури од 12 ноември до денес.

На сесијата за заштита и одржливо управување со археолошкото наследство, Анатоли Арнаудоски и Атанас Кипро, археолози од Завод и Музеј Охрид, ги претставија досегашните археолошки истражувања и планот за ревитализација на Самуиловата тврдина. Нивниот колега Христијан Петровски говореше за средновековните погребувања во археолошкиот комплекс Манчевци.

Дигиталното претставување на охридското наследство беше дел од сесијата за промоција, иновации и инклузивно толкување. Никола Упевче, академски сликар, уметник на мозаик и конзерватор-реставратор, ја претстави 3Д-реконструкцијата на мозаиците од поликонхалната базилика на Плаошник и подготовката за потопна реалност. Археологот Иван Малезанов говореше за виртуелната пристапност на македонската гробница во Охрид. Двајцата се од Завод и Музеј Охрид.

Искуства со истражување, заштита и управување со археолошкото наследство пренесе Бранка Милошевиќ Закиќ, помошник-директор и виш кустос во Музејот на хрватските археолошки споменици во Сплит. Маша Сакара од Регионалниот музеј Копер го претстави управувањето со Каштелир над Корте, а во втората сесија и поврзувањето на наследството, заедниците и социјалниот туризам преку инклузивни археолошки паркови. Ивана Грујиќ, директорка на Музејот на Херцеговина во Требиње и претседавач со ИКОМ БиХ, претстави два европски проекта за археолошкото наследство и одржливиот развој.

Активностите ги организираше Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, добитник на музејската награда ЖИВА за 2025 година. Покрај работилницата, се одржа и седница на Програмскиот совет, кој ја сумираше работата на Форумот за 2026 година и забележа иницијативи за следната година.

Македонија е една од земјите основачи на фондацијата, која работи од 2004 година и обединува 12 земји од регионот и пошироко. Форумот поддржува и спроведува активности во сите области на културата, како и традиционалните проекти „100 словенски романи“, музејската награда ЖИВА, „На маса со Словените“ и „Heritage in Motion“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.