Меѓу настаните беа концертот на камерното трио „Аура“ и гостувањето на ансамблот на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица со претставата „Деца на светот“. На 5 ноември учениците од ООМУ „Васо Карајанов“ одржаа концерт, а во Ликовната галерија „Амам“ беше отворена годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, со дела на дванаесет автори.
На 6 ноември се одржа детско дефиле, а беа претставени и наградените творби од ликовниот и литературниот конкурс за ученици од општинските основни училишта. По дефилето беше промовиран музичкиот спот „Сите сме еднакви“ во рамки на фестивалот „Калинка“. Лица со попреченост учествуваа со сценски настапи и читање поезија, а Димитар Трајков настапи со музичка изведба.
На 7 ноември во Народниот театар се одржа манифестацијата „Фолклорен ѓердан“. Настапија КУД „Српски вез“ од Куманово, ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје, КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, КУД „Паја Зариќ“ од Нови Карловци во Србија и домашниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.