Преку сценска игра, костими и драмска интерпретација, учениците претставија различни ликови од приказната инспирирана од митолошкиот свет. Низ нивните сценски трансформации се испреплетуваа темите на владеењето и судирот, но и изборот и последиците од човечките постапки.
Сценариото го напиша Јован Грозданов, кој беше и дел од актерската екипа, а режијата е на Мирјана Чамџиќ. За техничката поддршка беше задолжен Тони Аврамов.
Покрај Грозданов, во претставата настапија Петар Стојанов, Викторија Тодорова, Димитар Стојчевски, Матеа Костадинова, Елена Анчева, Марија Картова, Ева Дојчинова, Дарко Андонов, Никола Јанковски, Магдалена Петкова, Костадин Узунов, Јулија Томова и Тијана Гоцкова.
Од училиштето оценуваат дека ваквите театарски проекти им даваат можност на младите да ги покажат својата креативност, актерскиот потенцијал и способноста за тимска работа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.