За координација на активностите е договорено и формирање советодавен одбор. Неговата задача ќе биде да ги утврдува понатамошните чекори во реализацијата на проектот, за кој двете страни изразија подготвеност да соработуваат.
На средбата беа разгледани и можностите за финансирање на сеопфатниот проект за реставрација на Чаршијата.
Соработката е насочена кон координиран пристап за реставрација, заштита и промоција на Чаршијата. Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, нагласи дека е важно да се зачуваат нејзината автентичност и историските вредности. Тој оцени дека искуството на турските институции во реставрацијата на историски градски јадра е можност за заштита и одржлив развој на комплексот, кој на средбата беше истакнат како симбол на заедничката повеќевековна историја и култура.
Сулејмани, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и претставници на општината разговараа со заменик-министерот за култура и туризам на Турција, Надир Алпарслан. Средбата се одржа во Анкара за време на официјалната посета на Турција.
Делегацијата ја придружуваа и поранешниот градоначалник на Бурса, Реџеп Алтепе, и урбанистот Бајрам Вардар, поранешен заменик-генерален секретар на Град Бурса.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.