Истражувањата ги спроведува Националниот археолошки музеј, во соработка со Конзерваторскиот центар – Скопје, а целосно финансиски ги поддржува Општина Кисела Вода. Започнаа на 28 октомври за да се проверат податоци стари околу 90 години за мозаичен под во кружна просторија.
Мозаикот е изработен во техниката „opus tessellatum“, а мозаикот и другите наоди потекнуваат од доцноантичкиот период. Конечните резултати треба да дадат попрецизни сознанија за обемот и зачуваноста на мозаикот, како и за неговиот архитектонски контекст.
По завршувањето на ископувањата, планирани се геофизички истражувања во дворот на манастирскиот комплекс. Од наредната година се планираат и конзерваторски зафати за заштита и зачувување на откриените остатоци.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.