Средбата беше организирана во соработка со Општина Крушево и е дел од кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“. Целта на кампањата е граѓаните и туристичките работници да се информираат за даночните обврски и да добијат практични насоки за нивно правилно и навремено исполнување.
Разговорите опфатија пријавување и оданочување приходи од туристички активности, краткорочно издавање недвижен имот и даночни обврски при ангажирање сезонски работници. Претставниците на УЈП ги појаснија обврските на физичките лица што остваруваат доход од закуп и подзакуп, вклучително и од краткорочно издавање сместување преку домашни и странски интернет-платформи за огласување, резервации и посредување при изнајмување, како „Booking.com“, „Airbnb“, „Kayak“ и „Tripadvisor“. Остварениот доход треба да се пријави без оглед дали сместувањето се издава повремено или во текот на целата година.
Преку практични примери, присутните се запознаа со електронското пријавување преку системот е-Даночни услуги, пресметувањето и плаќањето данок на личен доход и користењето на калкулаторот на УЈП за утврдување на даночната обврска и признатите трошоци. Тие имаа можност да постават прашања и да добијат појаснувања од стручните лица на Управата.
УЈП има подготвено видео туторијал за пријавување и плаќање данок на доход од закуп и подзакуп, брошура за кампањата, одговори на често поставувани прашања и калкулатор за пресметка на данок.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.