Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Тренчевска праша дали растот на активата на Алта банка бил земен предвид при одобрувањето дозвола

Гледај на YouTube

На денешната надзорна расправа за Алта банка, потпретседателката и пратеничка на СДСМ Јована Тренчевска ја праша вицегувернерката Ана Митреска дали растот на активата бил земен предвид при одобрувањето на дозволата.

Тренчевска праша дали Митреска видела дека активата на Алта банка, според нејзиното тврдење, пораснала 13 пати во последните пет години, додека целиот банкарски сектор во Србија пораснал за само два процента. Таа побара одговор дали тој показател бил земен предвид при одобрувањето на дозволата.

Тренчевска ја праша вицегувернерката и дали пред издавањето на дозволата биле консултирани меѓународни финансиски институции и агенции за кредитен рејтинг, како и дали биле проверени репутацијата, сопственичката структура и потеклото на капиталот на банката.

Таа рече дека последиците од случувањата со банката најдиректно ги чувствуваат граѓаните, особено пензионерите, примателите на социјална помош и работниците, кои не можат да пристапат до сопствените средства.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.