Гроздановски го упати повикот во разговор со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, во епизода на „Chamber Talk“ посветена на темата „Вештачката интелигенција – правец на иднината“. Тој ги повика бизнисите да ги искористат можностите и ресурсите што ги обезбедува државата, а вложувањата во знаење, обука и соодветни алатки да ги насочат кон унапредување на деловните процеси и конкурентноста.
Според Гроздановски, примената на вештачката интелигенција може значително да ги поедностави деловните процеси, да ги намали трошоците и да овозможи создавање поконкурентни производи и услуги. Компаниите, според него, треба да бидат подготвени да вложуваат во нови технологии и во знаењето на вработените за да можат да одговорат на конкуренцијата од земјите што веќе инвестираат значителни средства во оваа област.
Стратегијата за вештачка интелигенција се подготвува и треба да биде поврзана со програмата на Фондот за иновации и технолошки развој, ИНОВА. Преку различни јавни повици, малите и средните претпријатија, како и поширокиот бизнис-сектор, ќе имаат можност да аплицираат за финансиски средства за унапредување на деловните процеси и воведување соодветни технолошки решенија.
Целиот разговор е достапен на видеоснимката од епизодата.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.