Пријавата, заедно со целата документација што докажува исполнување на условите за полагање, може да се достави лично во архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или по пошта. Адресата е ул. „Македонија“ бр. 27, Скопје.
На пријавата треба да биде наведена конкретната категорија на испитот. Кандидатите со нецелосна документација, како и оние што ќе ја достават пријавата по рокот, нема да можат да полагаат во декемвриската сесија.
Обрасците, списокот на потребни документи и дополнителните информации за постапката се достапни на страницата на Министерството.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.