Во фокусот е реформата за постепено приспособување на цената на електричната енергија кон пазарното ниво, придружено со мерки за справување со енергетската сиромаштија. Таа е дел од обврските во Реформската агенда за 2024–2027 година.
На мисијата учествуваат претставници на национални институции, Регулаторната комисија за енергетика и Хабитат Македонија, како и експерти од грчкото регулаторно тело „RAAEY“ и бугарските министерства за енергетика.
На агендата се размена на европски искуства и методологии, анализа на правилата за малопродажните цени на електричната енергија и на блок-тарифите како механизам за заштита. Ќе се разгледуваат и моделите за поддршка на домаќинствата и микро-потрошувачите, мерките за енергетска ефикасност и можноста за воспоставување опсерватории за енергетска сиромаштија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.