Мисијата се одржува од 2 до 5 ноември 2026 година во соработка со Полската управа за финансиски надзор („UKNF“), со учество на четворица експерти од институцијата.
Во текот на четирите работни дена експертите ќе споделат искуства за европската регулаторна рамка и надзорните практики. Темите опфаќаат Директивата „MiFID II“, заштитата на инвеститорите, инвестициското советување, откривањето и спречувањето пазарни злоупотреби, транспарентноста на тргувањето, како и надзорот над инвестициските друштва и пазарната инфраструктура.
Посебно внимание ќе биде посветено на поврзувањето на депозитарите, прекуграничното порамнување на трансакциите, пристапот заснован на ризици при надзорот и примената на новите законски решенија во секојдневното супервизорско работење.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.