Можната методологија би се засновала на показатели за оперативна ефикасност, инвестициски перформанси, управување со ризици и вредноста што им се обезбедува на членовите на пензиските фондови.
На настанот „Banking Roundtable“ – „Global Banking Annual Review“ 2026, одржан на 9 ноември во Скопје, учествуваа претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами, и главната советничка на претседателот, Марија Поповска. Настанот го организираа „McKinsey“ & „Company“, „Finalta by McKinsey“ и Македонската банкарска асоцијација.
На настанот беа презентирани глобални и регионални трендови во банкарството, практичната примена на вештачката интелигенција во финансиските институции и пристапот на „Finalta by McKinsey“ за споредбена анализа на перформансите, однесувањето на клиентите и новите приоритети во банкарскиот сектор во Централна и Источна Европа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.