Солстром оцени дека ваквите иницијативи се клучни за побрза зелена транзиција и за привлекување зелени инвестиции. Според него, тие придонесуваат жените да имаат поголема улога и во енергетскиот сектор и во енергетската дипломатија. Форумот „Обновливи извори и жени во енергетиката“ го организира Министерството во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и Економската комисија на ОН за Европа.
Божиновска се заблагодари за поддршката што Шведска ѝ ја дава на Македонија во енергетските реформи, како и за размената на искуства и европски практики. Таа и Солстром се заложија за поблиска соработка меѓу двете земји и разговараа за можностите за заедничка работа на стратешки инфраструктурни проекти, модернизација на енергетската мрежа и развој на капацитети за производство на енергија од обновливи извори.
За Министерството, приоритети се поотпорен енергетски систем и подобро поврзување со земјите од регионот. Целта на поблиската соработка со партнери како Шведска е стабилен и одржлив развој на енергетиката во Македонија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.