Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Инспектори на „ICAO“ две недели ќе го проверуваат македонското цивилно воздухопловство

Извор на фотографијата: Агенција за цивилно воздухопловство
Извор на фотографијата: Агенција за цивилно воздухопловство
  • Претходна ваква проверка во Македонија немало 17 години.
  • Препораките треба да насочат идни активности и да се следи напредокот.

Тим инспектори на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство („ICAO“) од вчера е во Македонија, каде во следните две недели ќе ја проверува усогласеноста на цивилното воздухопловство со меѓународните стандарди и регулативи. Проверката, организирана на покана на Агенцијата за цивилно воздухопловство, се спроведува по пауза од 17 години.

Инспекцијата треба да ја оцени примената на меѓународните барања и да ги утврди областите во кои е потребно натамошно унапредување. Агенцијата очекува процесот да помогне во препознавањето на силните страни на системот, но и на можните недостатоци, како и во утврдувањето начини за подобрување на неговата ефикасност и безбедност.

Препораките од инспекторите треба да послужат како основа за планирање идни активности и унапредување на процесите. Агенцијата наведува дека сознанијата треба да се преточат во применливи решенија, со јасни приоритети и постојано следење на напредокот. Во текот на проверката, посочува таа, важни се професионалната соработка, транспарентноста и активното учество на сите вклучени субјекти.

Директорот на Агенцијата, Драги Стојаноски, оценува дека независната и непристрасна инспекција ќе овозможи објективно согледување на работата и на можностите за подобрување. Тој вели дека институцијата е подготвена отворено и професионално да постапи и по наоди доколку бидат утврдени, и стекнатите сознанија да ги искористи за одржливи решенија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.