Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Европската комисија нотира напредок во реформите за јавните финансии

Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за финансии
Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за финансии

Европската комисија нотира напредок во реформите за управување со јавните финансии, особено во спроведувањето на Законот за буџети, управувањето со јавните инвестиции и зајакнувањето на јавната внатрешна финансиска контрола. Министерството за финансии ја пренесува оценката од Извештајот за напредокот на земјата.

Во извештајот се препознаени донесените подзаконски акти, Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со јавниот долг. Како чекори се наведени и воспоставувањето база на податоци за следење на јавните инвестиции и новата методологија за управување со ризици.

Министерството за финансии наведува дека реформите продолжуваат, со цели поголема фискална дисциплина, транспарентност и отчетност и поефикасно управување со јавните средства.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.