Министерството ги контактирало и акционерските друштва, а според министерката, најголем дел од контактираните јавни претпријатија и друштва немаат сметка во банката.
Димитриеска-Кочоска рече дека се очекува извештај од администраторот, по што ќе се провери дали има информации што се разликуваат од досега добиените. Одговарајќи на пратеничките прашања, таа додаде дека фондовите функционираат преку трезорот.
Димитриеска-Кочоска порача дека за Алта банка треба да зборуваат фактите и документите, а не политичките шпекулации.
Таа ги разграничила надлежностите на Министерството за финансии и Народната банка. Министерството, според нејзиното објаснување, управува со јавните финансии, ја води фискалната политика и се грижи за фискалната стабилност и одржливоста на јавниот долг. Исто така, обезбедува предвидливо и сигурно финансирање на буџетските обврски, подготвува и предлага законска регулатива, вклучително и за банкарскиот сектор, учествува во креирањето политики и ги оценува макроекономската состојба и можните фискални последици од евентуална финансиска криза.
Надзорот над банките, издавањето и одземањето дозволи за работа, оценувањето дали се исполнети условите за стекнување квалификувано учество и преземањето надзорни и корективни мерки, според министерката, се во надлежност на Народната банка како независна институција.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.