Меморандумот поставува рамка за размена на информации, експертиза и добри практики меѓу надлежните институции на двете земји. Предвидува и размена на научни и технички знаења, стручни обуки, семинари, работилници и студиски посети, како и можности за техничка поддршка.
Соработката опфаќа и размена на информации за увозните и извозните барања, санитарните услови, сертификацијата и постапките за пристап до пазарите. Предвидена е директна комуникација за полесно идентификување и, каде што е можно, надминување на техничките и административните пречки во трговијата, со почитување на важечките национални прописи и меѓународните стандарди.
Меморандумот предвидува и соработка за олеснување на пристапот на корејските државјани што престојуваат во Македонија до прехранбени состојки и други неопходни производи за секојдневниот живот, како и до информации за важечките законски и регулаторни барања. Го потпишаа директорот на АХВ, Оливер Миланов, и амбасадорот Ким Донгбе.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.