366 вести · 24 ч.
Битола 11°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Министерот за европски прашања Беким Сали во Берлин разговараше за интеграцијата во ЕУ и реформите

Гледај на Facebook

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали во Берлин разговараше со директорот на Европската академија, Кристијан Јохан, за постепената интеграција во Европската Унија и реформите.

Сали оцени дека постепената интеграција може да отвори повеќе можности на единствениот европски пазар, да ги олесни плаќањата и поврзаноста и да им даде на компаниите поголем простор за развој.

Тој истакна дека тие можности треба да одат паралелно со одржливи реформи, владеење на правото и спроведување на Реформската агенда. Сали ја посочи целта за полноправно членство во Европската Унија, со конкретни резултати на секој чекор од патот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.