Предлози може да достават институции, организации, граѓански здруженија и други заинтересирани субјекти. Тие може да се испратат преку веб-формуларот „Барање за ревизија“ на https://dzr.mk/mk/contact/barane_za_revizija или во хартиена форма до Државниот завод за ревизија, ул. „Павел Шатев“ бр. 2, Палата „Емануел Чучков“, Скопје.
Предлозите ќе бидат разгледани при утврдувањето на ревизорските приоритети. Изборот на ревизиите ќе се заснова на методолошките акти на ДЗР, стратешкиот план и професионалните стандарди, како и на процената на ризиците и расположливите човечки, финансиски и технички ресурси.
Годишната програма ги утврдува ревизорските активности за 2027 година. Ја донесува Главниот државен ревизор, а најдоцна до крајот на декември се доставува до Собранието и се објавува на веб-страницата на ДЗР.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.