348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Средношколци во Скопје и Кочани учеа за возачките дозволи и одговорностите на возачите

Фотографија објавена на јавниот профил на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
Фотографија објавена на јавниот профил на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Ученици од трета и четврта година во две средни училишта во Скопје и Кочани учествуваа во едукативни активности за условите за добивање возачка дозвола и одговорностите во сообраќајот.

Активностите се одржаа во СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје и СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани, во рамките на кампањата „Учам – Полагам – Возам“.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Одделението за превенција при СВР Скопје и ОВР Кочани ги реализираа активностите преку едукативни предавања. Учениците се запознаа со законските одредби и условите за стекнување возачка дозвола, како и со обврските и одговорностите што произлегуваат од учеството во сообраќајот како возачи.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.