Културниот дом и градинката се градат во училишниот двор на ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец. Во завршна фаза е и асфалтирањето на патот Дивље до Средно Коњари, долг 6.630 метри, наведува партијата.
Во Ржаничино биле асфалтирани четири улици, со претходно изградена канализациска и атмосферска мрежа, улично осветлување и тротоари. Две улици се поплочени со павер-елементи. Во Огњанци биле асфалтирани две улици, а паралелно продолжила изградбата на канализацијата, со која, според објавата, се опфатени околу 90 проценти од населеното место. Улици се асфалтирале и во Петровец, Катланово и Катлановска Бања, а во Градманци била изградена улица со павер-елементи.
За подобрување на безбедноста во сообраќајот бил изработен сообраќаен проект за Петровец и Ржаничино, одобрен од СВР Скопје, по што била поставена вертикална и хоризонтална сигнализација. Во Сушица, Горно Коњари, Катланово, Блаце, Кожле, Тотинци и Брезица биле избушени нови бунари за водоснабдување. Во Средно Коњари биле поплочени улици и била поставена канализациска мрежа, а во Долно Коњари било изградено повеќенаменско спортско игралиште.
Во ООУ „Братство и единство“ бил реконструиран плафонот, поставени нови светилки и дополнети помошните простории на спортската сала. На учениците им биле обезбедени работни униформи, а во соработка со Фудбалската федерација на Македонија биле реконструирани фудбалски терени во Петровец, Ржаничино, Долно Коњари и Средно Коњари.
Објавата наведува и финансиска поддршка за пензионери со пензија до 23.000 денари, кои добиле по 2.500 денари, како и по 4.000 денари за секое прваче и по 20.000 денари за лицата со попреченост. За социјално загрозени семејства биле обезбедени повеќе од 230 хуманитарни пакети за Велигден и Рамазан Бајрам.
За комуналните услуги, општината набавила два камиони за собирање смет. Изграден бил парк во училишниот двор на ООУ „Кочо Рацин“, а три теретани на отворено биле поставени во Петровец, Ржаничино и Катланово. Во дворот на градинката „Авионче“ бил уреден детски забавен парк.
По барање на жителите од улица 1 во Петровец бил саниран мостот што им обезбедува пристап до домовите. Биле исчистени и диви депонии во Огњанци и Петровец.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.