На трибината се разговараше за зависностите и последиците од употребата на штетни супстанции, врсничкото насилство, безбедното користење интернет и препознавањето негативни содржини, како и за безбедноста во сообраќајот и булингот.
Д-р Лидија Чолакова Дервишова зборуваше за зависностите и ризиците од употреба на штетни супстанции и ги советуваше учениците да не посегнуваат по алкохол или дрога. За врсничкото насилство, неговото препознавање и спречување и правилното постапување говореше Елена Цветкова, социјален работник во Центарот за социјални работи Велес.
Раде Стефановски од СВР Велес зборуваше за безбедното користење интернет и препознавањето негативни содржини. Трајче Мечалов од истата институција говореше за сообраќајната безбедност, а Џенифер Калинов за булингот.
Учениците преку стручни совети, едукативни содржини и интерактивна комуникација се запознаа со потенцијалните опасности и начините да се заштитат себеси и врсниците.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.