366 вести · 24 ч.
Битола 11°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Муцунски и американската вршителка на должноста амбасадор разговараа за Стратешкиот дијалог

Извор на фотографијата: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Извор на фотографијата: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс. Разговараа за активностите во рамките на Стратешкиот дијалог и за продлабочување на билатералните односи.

На средбата акцентот беше ставен на економската соработка, трговијата и можностите за нови конкретни иницијативи.

Соговорниците се осврнаа и на позитивните оценки за надворешната политика во последниот извештај на Европската комисија. Муцунски нагласи дека надворешната политика на државата е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, а приоритетите се темелат на стратешкото партнерство со САД и сојузништвото во НАТО.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.