366 вести · 24 ч.
Битола 11°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Сиљановска-Давкова во Брисел со амбасадорите на „Пријатели на Западен Балкан“

Извор на фотографијата: Претседател на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Претседател на Република Северна Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа работна средба во Брисел со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Средбата била посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

На средбата присуствуваа Ирена Андраси од Хрватска, Јоанис Враилас од Грција, Балинт Одор од Унгарија, Винченцо Челесте од Италија, Јурај Ноциар од Словачка и Владимир Бертл од Чешка. Сиљановска-Давкова им се заблагодари за поддршката.

Сиљановска-Давкова нагласи дека и покрај блокадата во пристапниот процес, солидното ниво на усогласеност на македонското законодавство со правото на Европската Унија и стопроцентната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја потврдуваат македонската посветеност на евроинтегративниот процес. Како дополнителна потврда го посочи забрзаното спроведување на Реформската агенда, наведено и во овогодишниот извештај на Европската комисија.

Таа изрази очекување дека интензивирањето на македонскиот пристапен процес и интеграцијата на регионот ќе бидат приоритет на претстојните претседателства со Советот на ЕУ, особено за време на претседателствувањето на Грција и Италија, кои ги посочи како пријатели на Западен Балкан.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.