Мицкоски рече дека напредок е забележан во две преговарачки поглавја, за дигиталната трансформација и медиумите, како и за образованието и културата. Во поглавјето 23, кое ги опфаќа правосудството и фундаменталните права, оценката се променила од „нема напредок“ лани на „ограничен напредок“ годинава. За функционирањето на судството, според него, оценката се подобрила од „нема напредок“ на „одреден напредок“.
Премиерот посочи дека во извештајот се нотира раст од 3,5 проценти во 2025 година и намалување на невработеноста од 12,5 на 11,7 проценти. Тој додаде дека подоцнежните ревизии на податоците покажуваат економски раст од 3,8 проценти и во 2024 и во 2025 година.
Мицкоски рече дека Македонија останува посветена на полноправно членство во Европската Унија и дека процесот треба да се темели на јасни правила, предвидливост и меѓусебна доверба. Тој оцени дека земјата нема недостиг од реформи, туку се соочува со преостанати политички услови. Забелешките во извештајот, рече, се сфаќаат сериозно, а за спроведувањето на реформите се одговорни надлежните институции.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.