Укинат е член 41-а став 7 од Законот за средното образование, во делот „и превозот“. Одлуката е донесена едногласно.
Судот го поништи Правилникот за контрола на квалитетот на работењето на субјектите на контрола на квалитет, донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители. Одлуката е донесена со мнозинство гласови.
Од Правилникот за распределба на авторските надоместоци се поништени член 41 став 1 и член 46 ставови 1 и 2, како и одлука на Собранието на Здружението за заштита на авторски музички права. Оваа одлука е донесена едногласно. Одделно, Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 41 ставови 2 и 3 од истиот правилник.
Судот поведе постапка и за одлуката на Советот на Општина Тетово за изменување и дополнување на текстуалниот дел на конечниот предлог-план за ГУП Тетово. Одлуката е донесена со мнозинство гласови, а судиите Фатмир Скендер и Насер Ајдари најавија издвоено мислење.
Судот не поведе постапки за одредби од законите за тутун и медијација, за три оспорени одредби од Законот за судовите, ниту за урбанистичкиот план за село Дрен. За делот од Законот за судовите што се однесува на грижата за континуираната обука на судиите одлучи со мнозинство гласови; за другите наведени предмети одлучи едногласно. Едногласно го отфрли и барањето за заштита од дискриминација по основ на национална припадност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.