На средбата биле разгледани досегашните активности, приоритетите и насоките за унапредување на полициското работење, со акцент на поврзувањето на оперативната работа со превентивното делување.
Била истакната важноста на континуираното стручно оспособување, професионалната подготвеност, етичкото постапување и личниот интегритет на полициските службеници. Раководните структури имаат одговорност во планирањето и следењето на обуките.
Каскадните обуки за униформираните полициски службеници опфаќаат укажување прва помош во соработка со Црвениот крст и постапување при нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.