Во реформата се вклучени законите за административните службеници и вработените во јавниот сектор, усвоени во 2025 година, и Законот за високите раководители, усвоен во 2026 година. Воспоставена е и Академијата за јавна администрација, чија улога е да обезбедува континуирана едукација, специјализирани обуки и развој на компетенции засновани врз европските стандарди и современите практики на јавно управување.
Извештајот ја препознава и улогата на Советот за реформа на јавната администрација како механизам за политичко лидерство, континуирана поддршка и стратешки надзор над реформскиот процес.
За проценката на влијанието на регулативата, инструмент за подобрување на подготовката и донесувањето закони и креирањето јавни политики, извештајот го нотира усвојувањето нова методологија во јуни 2025 година. Таа воспоставува поцврста основа за систематска и поконзистентна анализа на влијанието на законите.
Надграден е и Информацискиот систем за управување со човечките ресурси, кој има цел да го подобри управувањето со кадровските процеси и да овозможи подобра евиденција, координација и управување со вработените во јавниот сектор.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.