На средбата учествуваа Дан Барна од Романија, Тајс Ројтен од Холандија, Матеј Тонин од Словенија и Карло Реслер од Хрватска.
Сиљановска-Давкова потсети дека државата има кандидатски статус 21 година и ја истакна нејзината континуирана посветеност на европската интеграција, поткрепена со значајни реформи. Таа ја истакна и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.
Според претседателката, политичка волја за напредок треба да има и кај земјите кандидатки и кај самата Унија. Таа оцени дека се потребни креативни решенија за надминување на застојот, без доведување во прашање на македонскиот национален и културен идентитет.
Соговорниците се согласија дека местото на Македонија е во Европската Унија. Дел од европратениците посочија дека пристапниот процес во нивните земји може да биде долг и исполнет со тешки услови, а напредокот не секогаш да биде препознаен.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.