Јовановски учествуваше на панел-дискусија за напредокот и предизвиците во спроведувањето на зелената и дигиталната транзиција. Тој рече дека растот на обновливите извори треба да биде проследен со модернизација на преносната и дистрибутивната мрежа, складирање енергија, подобро балансирање на производството и потрошувачката и соодветни пазарни механизми.
Како предуслови за поширока примена на мерките за енергетска ефикасност ги посочи воспоставувањето фонд за таа намена, континуирано финансирање преку европски и меѓународни инструменти и дигитални алатки за следење на заштедите. Меѓу алатките ги наведе Информацискиот систем за енергетска ефикасност, регистарот на сертификати и Националниот инвентар на јавни згради.
На панелот, организиран од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“, беше претставена анализа за зелените и дигиталните реформи во Македонија. Дискусијата опфати институционални капацитети, финансиски ризици, усогласување со европските политики и меѓуинституционална координација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.