Проширувањето го зголемува капацитетот на единствената јавна детска градинка во општината и создава можност за опфат на поголем број деца со предучилишно воспитание и образование.
Изградбата и опремувањето на новиот дел се реализирани со поддршка од Кралството Норвешка, Швајцарската Конфедерација и УНДП.
Мицкоски најави дека во најскоро време преку Министерството ќе бидат обезбедени потребните согласности за вработување воспитувачи и негователи во ЈОУДГ „8 Април“. Според неговата изјава, новиот кадар треба да овозможи градинката да работи со целосниот расположлив капацитет и да се надмине листата на чекање за прием на деца.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.