Меморандумот го потпишаа градоначалниците Сашко Митовски и Џетин Акин. Партнерството отвора простор за соработка и размена во културата, образованието и спортот, контакти меѓу младите и идни заеднички активности и проекти.
Декларацијата ја потпишаа Митовски и градоначалничката на Трговиште, Наташа Манасиевич. Таа ја поддржува иницијативата за трајно отворање на преминот меѓу Србија и Македонија, но не значи дека преминот е отворен. Општините се заложија иницијативата да продолжи пред надлежните институции, а таа треба да добие конкретна институционална поддршка.
Иницијативата е насочена кон олеснување на движењето и поврзувањето на населението од двете страни на границата, како и кон можности за економска, туристичка и културна соработка. Документите беа потпишани на свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка, на која на 8 октомври беа одбележани Денот на ослободувањето и 82 години слободна Крива Паланка.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.