362 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и Филипче дека создаваат паника околу Алта банка

Гледај на YouTube

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и Венко Филипче дека вршат притисок врз Народната банка и Алта банка и создаваат паника и хаос околу наводната неликвидност на банката, за бизнисмен близок до Филипче и Зоран Заев да ги купи акциите по багателна цена.

Како поткрепа на обвинението, партијата ја посочи прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ. Тој побара Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ја прекине исплатата на пензиите на сметките во Алта банка додека пензионерите не добијат сигурен пристап до средствата, а штедачите да добијат целосен пристап до заштедите.

ВМРО-ДПМНЕ го квалификуваше барањето за прекин на исплатите како кривично дело според член 315 од Кривичниот законик.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.