Претставници од речиси 200 земји во текот на две недели го разгледуваа напредокот во спроведувањето на рамката од Кунминг-Монтреал, усвоена во 2022 година. Таа предвидува заштита на околу една третина од копното и морињата во светот до 2030 година.
Планот предвидува засилени напори против субвенциите и стимулациите штетни за природата, зголемена финансиска, научна и техничка поддршка за земјите во развој и посилни механизми за следење и известување. Следниот самит е предвиден во Еквадор за две години.
Организаторите на конференцијата соопштија дека владите, филантропите и бизнисите најавиле нови финансиски обврски во вредност од речиси две милијарди долари во врска со собирот. Истовремено, меѓународното финансирање за заштитени и зачувани подрачја се намалило во повеќе земји, а финансирањето за животната средина за периодот 2026–2030 опаднало за 27 проценти.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.